ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата

April 26, 2024 15:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Северна Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето,  е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување, наведува МФ.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните  друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на  23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството вчера беше информирано од АСО, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

НАЈНОВО

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп тврди дека не бил однапред информиран за израелскиот напад врз Катар

September 16, 2025

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk