ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државниот врв со честитки и пораки за 1. Мај – Меѓународниот ден на трудот

May 1, 2024 11:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот врв  – претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Јован Митрески и премиерот Талат Џафери, со пораки по повод Меѓународниот ден на трудот 1. Мај

– Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод Денот на трудот.

Според него, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

За таа цел, како што потенцира Пендаровски, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

– Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на  синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува шефот на државата. 

Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на економијата во Република Северна Македонија, напиша техничкиот премиер Талат Џафери во честитката до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот, соопшти владината прес – служба.

Како држава, посочува Џафери, треба секогаш да размислуваме во насока на понатамошно унапредување на работничките права, да го споделуваме товарот и да покажеме солидарност. Да ги заштитиме и работниците, и работодавачите. Затоа што, секогаш може да биде подобро.

-Да се чувствуваат посреќни, еднакви и рамноправни. Затоа што, само задоволни работници претставуваат и верни и лојални чувари на јавното добро. Тогаш стануваат моќни двигатели на домашната економија а со тоа овозможуваат и обезбедување на поквалитетен семеен стандард и живот, истакнува тој.

Како идна земја членка на Европската Унија, како што посочува Џафери, наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите, бидејќи секој работник е пред сѐ, човечко битие кое заслужува почит и достоинствен живот.

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески од име на пратениците и од  негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба.

– Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и соодветното вреднување на трудот на работникот е темелот на изградбата на рамноправно, економски просперитетно и социјално праведно општество. Тоа се премисите до кои треба да се придржуваме секојдневно, креирајќи и реализирајќи политики кои обезбедуваат поддршка на домашните претпријатија, привлекување странски инвестиции, отворање нови работни места, раст на платите. И кои им овозможуваат на граѓаните да се чувствуваат достоинствено, валоризирани и продуктивни на своите работни места, придонесувајќи на тој начин и за развојот на државата, напиша Митрески во честитката.

Тој потсети дека овој собраниски состав ги донесе измените на Законот за минимална плата, со кои се утврди методологија за постојан раст на платите и на стандардот на граѓаните, со што е постигнат значаен исчекор во унапредувањето на правата на работниците.

-Сепак, во оваа прилика, сакам да го изразам моето убедување дека борбата за работничките права не престанува никогаш и дека, независно од моменталните политички или економски прилики, секогаш е неопходно да се развива социјалниот дијалог на различни нивоа, меѓу работниците, синдикатите, работодавачите, стопанските комори и властите, истакнува Митрески.

Според него, постојаното унапредување на работничките права, на стандардот на работниците, на условите за работа, на безбедноста на работните места мора да биде приоритет за сите релевантни политички и општествени чинители.

-Тие фактори ги мотивираа работниците да ги вложат сите знаења и потенцијали во исполнувањето на своите работни обврски, чувствувајќи дека не се оставени сами на себе да го носат товарот на економските предизвици. Нека ни е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Да продолжиме да бидеме трудољубиви, рамноправни, како и храбри и решителни во зачувувањето и унапредувањето на работничките права, напиша Митрески во честитката.

Ј. Ѓ.

Tags: 1.мајдржавен врв
Next Post

(ВИДЕО) Се урна дел од автопат во Кина, загинаа најмалку 19 лица

НАЈНОВО

Фон дер Лајен: На пациентите и преживеаните од рак мора да им обезбедиме достоинствен живот

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Деми Мур: Том Круз се чувствуваше „помалку непријатно“ поради мојата бременост за време на снимањето на A Few Good Men

October 28, 2025

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk