ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изложба „Кимоно Инспирации“ на костимографот и режисер Благој Мицевски во Скопје

May 2, 2024 11:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14-ти мај.

Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, но исто така и кимона кои се направени токму за оваа пригода.

Со ова скопско издание на изложбата „Кимоно Инспирации“, организаторите на настанот, ПАГОДА, целат кон збогатување на културната програма на градот со повеќе настани во текот на годината со кои ќе се одбележат 30 години од воспоставување на билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Изложбата „Кимоно Инспирации“ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста кај нашите уметници и творци.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одбележи со традиционална презентација на церемонија на чај со Јуко Сакагучи и музички настап на флејтистката Стефана Марковиќ.

Изложбата е поддржана од Јапонската Амбасада во Северна Република Македонија, а во организација на ПАГОДА.

ПАГОДА е здружение кое е оформено кон крајот на 2023 од членови на организацискиот тим кој стои зад двата Нихон-џи Фестивали за Јапонска Култура и делува самостојно, залагајќи се за негување значајни пријателства и славење на богатите култури помегу Македонија и источноазиските земји.

Благој Мицевски е костимограф, дизајнер, сценограф, режисер и уметнички директор. Дипломирал дизајн на текстил и облека на Технолошки факултет на Универзитетот во Загреб во 1991 година каде и ја започнува кариерата.

Добитник е на 14 награди за костимографија, а неговата богата кариера ја красат и бројни претстави. Неговата претстава „Без паника“ наградена со Гран При и една меѓу трите претстави во НТ Битола со 100 изведби. Соработувал со врвни режисери и театарски работници во Македонија, Балканот, но и пошироко.

Tags: „Кимоно Инспирации“Благој Мицевски
Next Post

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk