ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Корисните идиоти на „длабоката држава“ вклучени за враќање на национализмот, поделбите и прогонот

May 2, 2024 10:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Сите оние кои „системски“ и лудачки го рушеа СДСМ овие години, таа демократска и антинационалистичка партија, а денес се на разни опозициони „листи“, не само што си пукаа во нога на своите безвезни кариери, туку во следното прегрупирање уште повеќе ќе го претстават своето ништо, а на површина ќе излезе нивниот корисен идиотизам во служба на „единствената националистичка партија“ во земјава.

Ви зборував на ова место, верувам дека се сеќавате, ама и ако не се сеќавате, јас сепак ќе зборувам. Прво, не беше нормално кога пред неколку години ме напаѓаа „на лично“ од разни адреси. Те сум бил „дојденец“ (го знаете она, „немаш свој кров над глава, а ваму ќе ни држиш предавања“), те не сум бил за на телевизија, те не сум имал соодветно образование (ме мрзеше да си купувам диплома, а реално немав и пари, ниту за образование а ниту за диплома!), те многу сум бил пристоен, те многу сум бил сиромашен, а многу сум се курчел, те сум ги комплексирал „оние со силно образование“ и оние кои имале „свои“ професии. Цела нација паѓаше во „душевен амок“ (С. Басара) од мојата „појава“ и „настап“.

Разбирливо, почнаа да ми „чепкаат“ по мојата интима, веќе кога пари не најдоа. И сите кои ме знаат, ќе ви речат дека јас на пари не се палам затоа што уште во младоста ги остварив сите мои адолесцентски соништа. Оттука, немам никакви комплекси и предрасуди кон другите и различните од себе. Како што не сум и „алав“ на пари. Со текот на годините, земав да читам книги, оние „контроверзни“ и „дивергентни“. Книги, цели, јебо ме бог! Оние со зборови внатре, може ли да замислите? На крајот, или можеби на самиот почеток, добив отказ од секаде. Прво од „еден важен весник“, а потоа добив отказ и на работно место откако се „моите на власт“. Претходно, во режимот на Груевски, тужен сум во „име на граѓаните“ затоа што сум клеветел, а откако оформив(ме) невладина организација, ме гонеше тогашното ОЈО со некои фамозни фиќфириќи наречени „финансови инспектори“. Ме теретеа за „перење на пари“, а единствени пари кои во низа сум ги перел беше денот кога мојата драга во задниот џеб од фармерките ми испра два пати по 500 денари и еднаш цела илјадарка. Тоа е, брате мили, семејно злосторничко здружување. Јас и мојата драга сме Бони и Клајд, ни се може, мајку нам божју!

Импресивно и возбудливо за некој што „зрачи“ од провинција? Многу „курчење“ од моја страна – срам „да ме буде“. Чак Норис може говна да јаде.

Што сакам со овој подолг вовед да ви кажам? Поточно, вака треба да го формулираме прашањето: што се случува со луѓето кога егзистенционално ќе ги уцените (?); што се случува со луѓето кога егземпларно ќе им покажете дека немаат никаква шанса пред тиранското самоволие? Ништо, мнозинството ќе замолкне, некои отворено ќе му се приклонат на национализмот, а малцинството ќе остане на онаа страна прифаќајќи ги сите животни ризици и срања кои во иднина може да им се случат.

И вака не е од вчера, вака е од секогаш. Уште во времето на Груевски, кога тој „карадушманин“ правеше сталинистичко вртење, знаеше мајчиниот дека прво ги замолкнуваш најистурените, а останатите сами ќе замолкнат! Ама и тогаш, „кршењето на немоќните“ одеше тешко, мачно и на крај видовме – со големи штети по „човештвото и материјалот“ (повторно кованица на „вујко Лале“) – Груевски ги ангажира најгадните и најнегадливите ликови и кадри од неговата фамозна партија за да извршуваат дефамција и „јавно убивање“ на најгласните, најбудните и најчулните.

На кому до тука не му е јасно, на таквиот, се плашам, не му е јасно ништо. И тука со ништо не може да му се помогне. А оние другите ќе продолжат да дерат по „предавниците“ кои не им се доволно „национални“ или „традиционални“.

Оние другите, пак, сами се пријавија за корисни идиоти: улогата нивна е да ја парчосуваат СДСМ, таа централна европска сила, за да ги видиме денес на разни опозициони листи – гуланфери кои „имале свои кариери“, а тоа што никој нема појма кои се тие луѓе и што реално работат, тоа е најмалку важно. Немаш појма што прават ниту тие кои одработуваат против СДСМ, рековме, таа централна сила, која, ако успеат да ја растурат, во оваа земја ќе останат два пола од национализам: етничко-македонскиот и албанскиот. Така работи она кое се нарекува „длабока држава“. Удбаши, денунцијанти и кафански клеветници кои помно работат национализмот да се врати на голема врата во оваа земја.

Или да се обидам да кажам поинаку.

Што се случува кога ќе ја разбиете мрежата на општествените односи и кога ќе ги тргнете од себе општествените маски? Се отвара простор за работа на клеветничка фантазија кон оној Друг што не ви е по волја. Што значи – се отвара општествен простор за работа на фикцијата. Се отвара простор за „вистината за нас“. Светот во кој ја игравме улогата на добри соседи и добри пријатели се распаѓа. Сликовито: ќе пукне брана, а потоа се пробива голема количина на вода; тоа се нарекува „упад во Реалното“. Мирната вододелница е натопена од „доктрината на шокот“ на „нашите желби“. „Желбите никогаш не се наши, ами се желби на оној Другиот“ (Лакан).

Во таа смисла, многу луѓе се пријавија за корисни идиоти, дигнаа два прста за рушење на оваа централна сила, за гонење и ако им се може, зошто да не – и протерување.

Морав ова да ви го напишам, драги мои, штета би било ова да го заборавиме, чисто колку да видиме што прават тие „политички вампири“ кога едно утро ќе се разбудат под друго знаме и во друга крволочна идеологија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk