ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Набљудувачите од „Ромите за демократија“ се жалат дека имале закани на избирачките места, бараат поголема безбедност на претстојните избори

May 2, 2024 14:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците од Фондацијата „Ромите за демократија“ денеска организираа марш на кој побараа поголема заштита и зајакнување на полициската присутност за време на претседателските и парламентарните избори на 8 мај, посочувајќи дека нивните набљудувачи во Струмица се соочиле со одредени закани и обиди за физичко насилство, за време на првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 24 април.

Маршот почна пред Државната изборна комисија (ДИК), а заврши пред Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје.

Пред почетокот на маршот, извршната директорка на Фондацијата, Селвије М. Алкан најави дека ќе побараат итна средба со министерот за внатрешни работи, со цел тој да им гарантира заштита и зајакнување на полициската присутност за време на парламентарните и претседателските избори, за набљудувачите мирно да го набљудуваат изборниот процес, да не се соочуваат со закани и притисоци од ниту една политичка структура.

– Денешниот протест го организираме по повод последните закани, политичко насилство и обиди за физичко насилство во Струмица што се случија во првиот круг од претседателските избори од одредени политички структури, членови на политичка партија. Бараме од министерот за внатрешни работи да имаме заштита и безбедност, затоа што на вториот круг на изборите на 8 мај планираме да имаме наши 200 набљудувачи. На првиот круг имавме 68 набљудувачи, рече Алкан.

Таа потенцираше дека доколку не се обезбеди заштита за овие 200 набљудувачи, тогаш нема да има набљудување, односно ќе се откажат од набљудувачката мисија.

Доан Мустафов рече дека притисоците и нападите се случиле со самото влегување на избирачките места. Секогаш кога сакале да упатат на некоја забелешка на избирачкото место, се соочувале со закани. Заканите, како што посочи, ги пријавиле.

– На обуките од ДИК ни беше укажано на што ние како набљудувачи треба да внимаваме за време на набљудување на избирачките места. Но, кога сакавме да посочиме или да дадеме некоја забелешка во однос на тоа што се случува во избирачкото место, добивавме закани, додаде Мустафов.

Мурат Јосинов, кој е дел од тимот на Фондацијата, рече дека маршираат за набљудувачката безбедност и за слобода на гласовите на Ромите.

– Ако немаме слобода на самите избирачки места кога набљудуваме, кога сакаме изборите да течат на фер и демократски начин, ако немаме обезбедена сигурност на избирачките места, тогаш каде ќе имаме? Зборуваме за демократија, но под поимот демократија се подразбира владеење на народот, а тука баш не владее народот. Ако министерот за внатрешни работи не ни ја гарантира безбедноста за нашите набљудувачи, нашата набљудувачка мисија тука ќе заврши, изјави Јосинов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

May 13, 2025
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk