Атлетичарот Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки.
На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.
– Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.
Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.