Книжевните класици се уметнички дела со препознатлива вредност и безвременски идеи и се обично книги кои не се читаат само еднаш, туку постојано се препрочитуваат. Доколку имате желба корисно да го искористите времето, а не знаете за кое класично дело да се одлучите, ви предлагаме листа со седум предлози за книжевни класици, кои би требало да ги прочитате барем еднаш во животот.
1. Игра во р’жта
„Игра во р’жта“ од Џ. Д. Салинџер е секако еден од книжевните класици кој секој треба да го прочита. Ги обработува темите на изолација и бунтовништво, а одлично развиен е и ликот на Холден Колфилд
2. Авантурите на Хаклбери Фин
Книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“ е всушност продолжение на „Том Соер“. Смело пишување, критичка мисла, интересни случки. Ова дело на Марк Твен претставува неверојатна сатира на расизмот.
3. Џејн Ер
Во „Џејн Ер“ е претставен развојот на главната хероина Џејн Ер, која успева да ги надмине многуте мрачни случувања и страдања кои ја следат на секој чекор. Особено привлечни се силните феминистички теми во овој роман и наративната техника на Шарлот Бронте. Џејн Ер, од девојче-сираче, успева да се избори со непријателите, ограничувањата, да стекне независност и да ги помести општествените сфаќања за женскиот род воопшто.
4. Странецот
Оригинално напишана на француски од Албер Ками, „Странецот“ претставува студија на лик, крајно отуѓен од општеството. Она што е интригантно во овој роман се нејасните мотиви за постапките на главниот лик. Преку ова дело, Албер Ками успева достојно да ја потврди тезата дека ништо нема значење во човечкиот живот.
5. Франкенштајн
Постои општо недоразбирање, кога станува збор за ова дело од Мери Шели, дека Франкенштајн е чудовиштето создадено од докторот, а всушност е спротивното. Капетанот Роберт Волтон го запознава д-р Виктор Франкештајн, во едно изолирано место, кој тогаш почнува да ги раскажува трагичните настини кои и го довеле до изолацијата.
6. Аутсајдерите
Една од темите кои С. Е. Хинтон ги поставува во овој роман е неможноста луѓето од различни општествени класи, мирно да живеат во една заедница. Фокусот е на тоа како општеството гледа на двете различни банди, кои ги претставуваат ниската и високата класа, и тешкотијата да се биде дел од двете истовремено.
7. Мостот до Терабитија
Во романот „Мостот до Терабитија“ од Кетрин Патерсон, главните ликови, Џеси и Лесли, успеваат да си создадат сосема нов свет, со помош на нивната богатата фантазија. Измислената земја Терабитија за нив претставува излез. Постои нишка на меланхоличност во целата приказна и зачнати се многу универзални теми, што пак ја прави оваа книга вредна за читање.