ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Изјави на Ахмети, Касами, Димитриевски, Апасиев и Јакимовски после првичните резултати од изборите

May 8, 2024 23:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјави на Али Ахмети, Биљал Касами, Максим Димитриевски, и Стевче Јакимовски после објавувањето на првичните резултати од парламентарните и претседателски избори.

Ахмети: Европскиот фронт е втора сила во државата

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.

– Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.

– Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ, рече Ахмети.

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.

Тој им честита на граѓаните на државата кои, како што кажа, покажале „сенс“ за државата.

– Македонија избра претседател. Сакам да и честитам на професорката Гордана Силјановска Давкова, за големата победа и да и посакам успешен мандат, да ја води Македонија во правилна насока, да биде секогаш тука за граѓаните бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Да честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која ја освоија, рече Димитриевски.

Тој напомена оти верува дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираат на политичката сцена.

– Гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија, подвлече Димитриевски.

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот, апсолутната власт според него носи девијации и ретроградни процеси

Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

– Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната самоуправа и во делот на претседателот, тоа значи апсолутна власт, а очигледно дека ќе има можност и за двотретинско мнозинство. Очекувам дека ќе има тешки одлуки, но моето политичко искуство покажува дека апсолутната власт не е на арно бидејќи таа апсолутна власт носи девијации и како резултат на тоа доаѓаме до ретроградни процеси на кои не сакаме да бидеме сведоци, рече Јакимовски на прес-конференција.

Како што посочи, денеска граѓаните се определиле за враќање на уставното име, за поништување на договорот со Бугарија и за реваншизам затоа што, според Јакимовски, целата оваа кампања се водела во насока дека треба на некому да му се реваншираме.

Според Јакимовски, денешниот изборен ден бил срам за државата бидејќи ниту една државна институција не го видела поткупот на гласачи и т.н. бугарски воз.

Касами: Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.

– Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами.

Според анализите кои ги имаат, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, нагласи Касами.

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Лидерот на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев вечерва соопшти дека имаат освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори и дека очекуваат да освојат уште еден пратенички мандат.

Во Првата изборна едница, како што информираше на прес-конференција, имаат двајца пратеници, во Втората еден пратеник, во Третата еден сигурен, а се борат за уште еден пратенички мандат за кој во прашање се 200 до 300 гласа, во Четвртата еден пратеник и во Петтата изборна единица – еден пратеник.

Најави дека прво барање на „Левица“ ќе биде воведувањето на една изборна единица.

– Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.

Најави жестока дебата во Собранието.

– Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Аапсиев.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk