ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски одржал партиски останок на кој биле поставени контурите врз кои ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии

May 9, 2024 14:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информира дека одржал партиски останок на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат  коалицискиот потенцијал со останатите партии.

-Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место: економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда, како и реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Тој додава дека очекувањата се големи, и оти поради тоа одговорноста кон народот е уште поголема.

Состанокот следува по вчера одржаните Парламентарни избори на кои според првичните резултати на ДИК Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 13 мандати, Левица 6 пратеници, а исто толку има и Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

Во исто време вчера се одржаа и Претседателските избори на кои победи универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова, која ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Сиљановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот вторт круг од Претседателските избори, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски.  Според првичните резултати на ДИК, Сиљановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ нема да има моќ да ја запре интеграцијата на земјата во ЕУ?

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk