ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да има моќ да ја запре интеграцијата на земјата во ЕУ?

May 9, 2024 15:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Никој нема моќ да ја запре интеграцијата на земјата во ЕУ, тоа не може да го направи ниту ВМРО-ДПМНЕ. Меѓународниот фактор ќе му дозволи на победникот разбирлив рок да си ја врати позицијата во однос на Бугарија“, велат за „Фронтлајн“ познавачи на политичките околности во државата – коментирајќи ги резултатите од двојните претседателски -парламентарни избори и победата на десницата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Исмет Рамдани политички аналитичар вели дека за жал, на овие избори, либералната и социјалдемократијата претрпеа голем удар, односно пораз.

– Се поставува прашањето, дали е ова европски тренд или посебност на нашите внатрешни односи. Да победи толку убедливо национализмот и популизмот, тогаш мора да се бара вината кај актерите кои не успеваа да бидат отпорни на силната пропаганда која пенетрираше кај обичниот граѓанин. Нормално е денес да констатираш дека во била која комбинација да се избере претседател на Собранието – Албанец, додека истите пред седум години ги закрвавија пратениците само затоа што се бираше претседател Албанец на таа функција. Но, како и да е и за актуелните победници доаѓаат тешки предизвици со кои ќе се справуваат од позиција на власт. Да видиме како ќе ја совладуваат лукративноста и привилегијата наспроти одговорноста и очекувањата на граѓаните и евроинтегративниот процес, вели Рамадани за „Фронтлајн“.

Се надевам, додава тој, дека ќе се менува реториката и во однос на меѓуетничките и геостратешките предизвици како стратешка опција.

– Првиот испит веќе е во Собранието да се донесат уставните измени, а другото тек следува. Да видиме!!! – нагласи тој.

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу смета дека во западниот дискурс ВМРО-ДПМНЕ се смета за десничарска националистичка партија. Морам да појаснам, вели тој, дека со гласање суверенот одлучува кој ќе владее, а не како ќе владее затоа што треба да почекаме и да видиме.

– Знаеме како управуваа со една структура и со овој субјект цела една деценија. Но, ова е легитимирање од страна на нивниот електорат, но прашање е дали ќе има рефлексија за поинаква власт, останува да видиме. Овој субјект декларативно не е против интеграцијата во ЕУ, но како да е условен начинот и протоколот на рамковната рамка (францускиот предлог). Никој нема моќ да ја запре интеграцијата на државата во ЕУ, ова не го може ниту ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека меѓународниот фактор ќе даде разбирлив рок за закрепнување на нивниот став кон Бугарија. Годинава се парламентарните избори во ЕУ и претседателските избори во ноември во САД, фокусот ќе биде таму. Но, ќе ги добијат задачите наметнати од американската политика оваа недела, ако тие одамна не ги преземале и ги дале своите ветувања во однос на интегративниот процес, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Тој посочува дека длабоката победа на националистичкиот дискурс е последица на моќните одлуки што ги донесе владата на Зоран Заев за преименувањето на државата, но го ефектуираше членството во НАТО, а последица за поразот на СДСМ се продолжување на корупциската епидемија, односот кон политичкиот партнер ДУИ и флагрантното управување со судството од Републичкиот судски совет…

– Значи ВМРО-ДПМНЕ всушност не победи на изборите, туку власта им овозможи да победат, а уште полошо со исклучително длабока разлика, што ги направи да се победници во изборната трка во двоен план, подвлече тој.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУизбориуставни измени
Next Post

Би-Би-Си: Политички земјотрес за враќање во минатото или нова надеж

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk