ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата на чинот на инаугурација

May 12, 2024 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гордана Силјановска Давкова денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше инаугурирана за претседателка на државата.

Врз основа на член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија, Сиљановска Давкова на 151. собраниска седница даде свечена изјава пред Собранието по што започнува да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија.

Од собраниската говорница Силјановска Давкова рече дека ќе биде претседателка на сите граѓани на државата и го истакна значењето на жените лидерки.

-Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност, истакна Силјановска-Давкова на инаугурацијата на 151 седница на Собранието, која ја водеше претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Со денешната инаугурирација во Собранието, Силјановска Давкова официјално ја презема должноста шеф на државата и ќе биде првата жена и шести претседател од осамостојувањето на земјава.

По заклетвата во Собранието, според најавата, Силјановска-Давкова на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“ ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател на државата, Стево Педаровски, со кого потоа ќе има тет-а-тет средба.

Ј. Ѓ.

Next Post
Швајцарскиот пејач Немо, победник на Евровизијата во Малме. Фото: Скриншот

Евровизија со политички поделби и контраверзи во Малме, победи Швајцарија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk