Во Собранието на Република Северна Македонија ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата Гордана Силјановска – Давкова.
Врз основа на член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија, Силјановска Давкова на 151. собраниска седница ќе даде свечена изјава пред Собранието по што започнува да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.