Пишува: ДОРОТИ ПАЧКОВА
Mothering around да зборнеме денот е за она кое тешко го изговараме или се плашиме и штом приметиме дека си мислиме: јбт колку е тешко.
Кажуваат дека љубовта не е брутална? Мај ес не е.
Неоткриена љубов.
Лудачка потреба да ги бацувам и галам, да им давам љубов и да ги опсипувам со сакање.
Станувам од најдлабок сон а мрднат со прст и без грам сомнеж знам дека и кога нема да ме има во оваа форма ќе дотрчувам на секое нивно мама.
Потребата да им се посветувам безрезервно ми е супермоќ за која сум благодарна до солзи.
Одговорноста со која ги растам, штом ја видам во себе ме вџашува како ништо.
Срцето ми е пораснато толку што го чувствувам и околу своето тело во радиус од некој метар.
Нема што не можам и се најдобро сакам за нив, за нив, за нив.
Колку е лесно човек да ве сака МНС!
Ако пак некој кажува дека е лесно да се биде мајка, има пораснати деца.
За 2 и речиси и пол месеци 24/7 со тодлери дома и со претинејџер, деца кои се исклучително интелигентни, пред својата возраст, воспитани и разбрани а истовремено диви, љубовни, весели, со широки срца, дружељубиви, љубопитни, свои и слободни и насмеани ко зелчиња најмили.
500 променети пелени
70 осмислени и зготвени ручеци
70 осмислени и зготвени доручеци
70 осмислени и зготвени вечери
150+ ужинки, живи колачиња, торти, домашни нутели, шејкови, деконтаминирани, излупени и исецкани овошки, поделени рамно на 2 зошто опасно ќе е.
2 пати на ден насилно влечење мрсули на 2 проследено со држење меѓу колена, фаќање раце и шмукање додека држам главче цврсто а нежно.
Насилно давање со вриштење на најмалото секое сирупче, секој витамин, пробиотик, електролит, сè што се мора.
Ќеси од пазар што превртуваат колички и точачиња.
Продавачки што ме прашуваат дали се товарам за некаков кетеринг да спремам.
Се се купува на големо во семејство со 3 деца а тоа се носи на две раце барабар со 2 тодлера со мене, што отвораат попатно и растураат, кинат ќеси и превртуваат.
Роварење по маркети, продавници, пазари до набивање на закачалки, растурање домати по тезги и отворање сокови.
Јадење немиени овошки директива од тезга ко од невиденијата е маст.
70 успивања за дневна дремка на 2 тодлера, значи по саат време плачење, врескање, меѓусебно колацање, скубење, гребење.
Спиење врз мене двајцата плус две животинки.
Ноќни успивања по час и повеќе за да се заспие врз мајка пак-пак-пак.
Куче што ми спие на перница и се чеша ко откачено а задремам.
Маче што краде храна од секое можно место.
Ноќни подои со нетргање од гради месец дена и одвикнување од доење неколку недели.
Збрлавени хормони, отекувања, температура, несоници, и пак плачење, многу плачење и групно и индивидуално.
Секое мое влегување во тоалет проследено со влечење, дрпање, солзи ко да умирам а не да обавувам физиолошки потреби.
Организирање на останатите двајца домашни да придржат џуџиња за туш од 2 минутки и тоа само попладне а преку цел ден кога сум сама со нив се молам на господ толку силно што го гледам како стана редовен резидент во нашиот тоалет.
Прошетки до љуљашки во просек 2, 3 часа на ден.
Пеење бебешки песни до зарипнување.
Држење во една рака за да работам со друга а второто качено да гледа што правам па што дофаќа ломи, фрла, протура.
Собирање играчки по 10+ пати дневно.
Собирање размачкана, истрошена, издробена, превртена храна по безброј пати дневно.
Чистење по искршени чаши, тегли мед, стакла од слики на ѕид.
Вениширање на се живо и диво исфлекано, укашкано, рашљапано.
Стаклено шише од литар ѕвекнато од заби додека се расонувам за да ми појасни дека е жедна госпоѓицата.
Држење за крвни слики со кревање болници во вис од урлање.
Вакцинирање па бдеење над нус појави
Бактерии од кои они стануваат како Електро а јас колабирам, паѓам во несвест и станувам за да гушкам, тешам, хранам, појам и одржувам.
Стомачен вирус што на неколку дена ме направи машина за туширање, мачкање со неколку креми газиња, ловење за ставање пелена што додека сум ја сменила на второто пак доаѓа на ред првото и се во круг.
Не сме престанале со лекови за едно почнуваме со лекови за друго, афкорс давање на сила.
Преземање од нив бактерии па горење од температура со денови низ сиве овие догодовштини.
Мачкање гребаници, мачкање гради, фластери.
Една расцветана брадичка со лудачко крварење па шиење и пиштење и борби со хирург и сестри и остала администрација.
Преврски, третирања рани и мазење пазење.
Паѓања од маса, од столчиња, од парно, од плотна и не знам веќе од каде се не.
Тепачки за чашки, за лажиче, за играчки, за мајка најмногу.
Скубење, брцање во очи еден на друг, ритање и боксирање.
Одбиени понуди за соработки.
Клуч на компјутер.
Мобилен на мјут и безброј неодговорени повици, непрочитани мејлови.
Избацување на ЗООМ и церекање во камера пред соработници па после нормално пиштење за да се тргнат.
Презакажување закажани коучинзи од март за април од април за мај.
Неприсуство на седници, дебати, конференции.
Одложување на полагање испит 2 година јер не знам што попрво.
Откажување на гостинка од странство за настан зошто се е хаос.
Откажување од трки за кои месеци однапред имам бројче.
Секое излегување од врата кинење хулахопки, шо од нив, шо од животни.
Секое мое враќање по кратко отсуство и двајцата се монтираат во раце уште несоблечена и симултано се удираат за да си докажат чија сум повеќе.
Секоја дотеровка ми ја зачинуваат со мрсули или чоколадно млеко или шодае.
Кинат ланчиња и алки ко на норма.
Добивам по неколку ненамерни удари или “по грешка” што вика Ноа на секој час.
Со денови непогледнување во огледало.
Шетање нечешлана.
Депилација после месец и пол.
Незборнување по телефон со другарки зошто на секој обид да прозборам прават звуци на џунгла, ме бркаат да ми го уловат мобилниот, ми соблакаат долен дел од бесење по мене, се џапаат и на крај почнуваат војна еден со друг за кој повеќе да е припиен насилно до мене и да се дере на другата страна од линијата на соговорничката во обид.
На Водно заспиваат во раце па пеш ги спуштам надолу успани и чекам на клупа да отспијат за да ги возам накај дома.
На пикник не седнуваме, туку се бркаме по паркот а дома се враќаме ко прасиња сите до еден.
Носиме и монтираме замок во парк за да не легнеме ни минутка.
На некого увек му се кака, му се спие, му се јаде, го боли нешто, а се спремиме да одиме некаде подалеку од маало.
Што фаќам пуштам и трчам да ги разделам.
Што почнав да мислам не мислам и срипувам да додржам.
А седнам станувам да ми покаже некој нешто.
А се испружам се исправам да избришам некого.
Низ сево ова се гушкаме енормно, се гледаме во очи, кожа на кожа контакт сме постојано, не се проблематични јадачи, спијат во термин преку ден, рано легнуваат, си играат постојано и самостојно и сега веќе здружено, галат животни, пеат песнички, возат тротинети, точачиња, буткаат колички, рипаат ко суперхерои, шутираат топка, трчи-трчи доаѓаат да ме бацат, знаат да кажат не, почитуваат правила до каде смеат да возат или трчаат низ населба, цртаат, сецкаат, бојат, лепат и се гушкаат и бакнуваат меѓу себе тројцата, делат, споделуваат и знаат кога не сакаат да дадат, се слушаат себе и еден со друг, обожаваат другарчиња и комуникативни се.
Се прашувам како е кај мајките со деца со предизвици и нетипичности и се молам за сите нас, да сме добро.
Штом се погледнам во очи со друга мајка на 3, посебно ако 2 од нив се година дена разлика, посебно ако сама си ги исчувува, ми течат солзи и викам „среќа што се вака немирни, здрави прави деца, тоа им е работа“ и длабоко верувам во ова.
Понеделник е за градинка кој да знае за кое добро беа овие 2 и пол месеци, едвај чекам да видам, покрај сè, плачам дека ќе тргаат и колку ќе ми фалат.
Колку е лесно човек да ве сака, дивјачиња мои МНС.
Кој рече дека мајчинството е лесно а љубовта не е брутална?
Happy Mothers day to all of us.