Адвокатите на осудените во случајот „Монструм“ известија дека неделава поднеле вкупно три жалби до Судот во Стразбур, во врска со пресудите во судовите во земјава за случајот „Монструм“, пренесуваат албанските медиуми во СевернаМакедонија.
Бидејќи кореспонденцијата со Судот во Стразбур се одвива во тајност, адвокатите не соопштуваат детали.
Жалбите на адвокатите завршија во Стразбур бидејќи осудените не се задоволни од одлуката на Врховниот суд од септември 2023 година, со која беа потврдени првостепените и второстепените пресуди.
Според решението, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се прогласени за виновни за делото и осудени на доживотен затвор, а Фејзи Азири и Хаки Азири се осудени на затворски казни од 15 и 9 години. Сами Лута беше ослободен поради недостиг на факти.
По изречените казни, петмината осудени во случајот „Монструм“ поднесоа жалби, но Апалацискиот суд во септември 2022 ги одби како неосновани и ги потврди првостепените пресуди.
Петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година.
Д. Т. / Цивил Медиа