Словачкиот премиер Роберт Фицо е застрелан и ранет, јавуваат локалните медиуми, пренесува Би-Би-Си.
Фицо бил застрелан пред центарот за културна заедница во градот Хандлова, каде што се одржа владин состанок, се вели во извештаите.
Според новинарите од местото на настанот, се слушнале неколку истрели.
Словачкиот лидер е однесен во болница, а неговиот наводен напаѓач е приведен од полицијата.
Хандлова е околу 180 км северо-источно од главниот град Братислава.
Во својата првична реакција на пукањето, претседателката на Словачка во заминување Зузана Чапутова рече дека е шокирана од „бруталниот и безмилосен“ напад врз премиерот и му посака сила да закрепне.
Фицо се врати на власт во Словачка по изборите во септември минатата година, на чело на популистичко-националистичката коалиција.
Ј. Ѓ.