„Цртај на македонски“ е проект кој го штити и го промовира македонскиот јазик. Три години по ред Министерството за култура ја означува посебноста, вредноста и применливоста на нашиот јазик. Само за оваа година се издвоени 3,3 милиони денари за 34 проекти. Изучувањето на македонскиот јазик е важен сегмент за децата и нивниот образовен развој“, истакна во објава на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа нагласува дека детската работилница „Правиме букви“ е дел од нашата мисија за афирмација и истакнување на македонскиот јазик. Најмладите ги учат буквите и македонските фонтови со цел да им се приближи јазикот и неговите карактеристики и да им се олесни учењето.
Во време кога се опкружени и ги користат странските јазици во својата комуникација, од исклучително значење за образованието кај децата се неформалните активности низ кои го изучуваат македонскиот јазик, истакнува Министерката.