Оваа сабота, со стартот во Врдник, се одржа Балканското првенство во планински велосипедизам во организација на Велосипедскиот сојуз на Р. Србија.
Националните тимови на велосипедските федерации на Србија, Македонија, Бугарија, Романија, Кипар, Турција, Грција, Албанија ги одмерија силите и подготвеноста на брза, динамична и техничка крос кантри патека минувајќи низ јужниот дел на Фрушка гора.
Дуња Иванова, како претставник на Националниот тим на Велосипедската федерација на Македонија во категоријата на сениорките, го освои осмото место помеѓу најдобрите женски велосипедисти на Балканот.
Веќе, оваа сабота, нејзин следен предизвик со исклучителни размери е учеството на МТБ Маратонот во Вилинген, Германија кој е со должина од 119 км и висинско искачување од 3333 метри. Натпреварот е дел од Календарот на Светската велосипедска федерација (УЦИ).
Фото: Велосипедскиот сојуз на Р. Србија.
Ј. Ѓ.