Без вода денеска од 16:10 часот се корисниците од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради предизвикан уличен дефект на водоводна цевка Ф 5/4“од страна на изведувачот „Доган Фриго Дооел“ Скопје на улицата „Борис Трајковски“ бр.9.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.