ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Македонска премиера на краткиот филм „Прошетка“

May 21, 2024 10:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со овации во полна сала се одржа македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова. Низ солзи, смеа и во прекрасна атмосфера се одржа македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. Во преполна сала во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода низ емотивни излагања по филмот, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден кадар.

– Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни фестивали конечно може да го споделиме филмот со македонската публика. Работев со прекрасна екипа во текот на три исцрпувачки, но забавни денови во кои направивме филм кој во еден непрекинат кадар раскажува приказна за мало девојче кое низ разговор со непозната жена се обидува да открие што се случило со нејзината баба. Воедно бев и продуцент на филмот, така што ова беше едно навистина поинакво искуство, вели Елеонора Венинова.

Главните улоги ги толкуваат Билјана Драгичевиќ Пројковска и младата Надиа Кирковска, директор на фотографија е етаблираниот македонски кинематографер Фејми Даут, а филмот го продуцира Венинова заедно со Гоце Кралевски преку ТРИ ТОЧКИ продукција.

– Ваквите ликови се најтешки за игра бидејќи секој од нас има свое видување за тоа што значи, како се доживува и интерпретира лик од другата реалност. Предизвикот е голем затоа што преку личното треба да се стигне до општото, да се доближи интимната слика до генералното чувство. Во ова патување пресудна беше играта во играта, преку која со прекрасната режисерка Елеонора и малата талентирана Надиа стигнавме до посакуваното видување, преку ова заедничко патување, заедничка игра меѓу видливото и невидливото, вели главната глумица Билјана Драгичевиќ Пројковска.

Ова беше прво прикажување на краткометражниот филм во Македонија по светската премиера на престижниот Фестивал за краток филм во Леувен, Белгија. После овој фестивал „Прошетка“ ја имаше американската премиера на фестивалот СЕЕФест во Лос Анџелес, а се прикажа и во Шпанија на Интернационалниот фестивал во Паленсија, на сите во официјална конкуренција.

Сценографијата е на Александра Петкова, костимографка е Жаклина Крстевска, шминката е на Ирена Сенокозлиоска, камера оператор и колорист е Ѓорѓи Клинчаров, дизајнер на звук Дарко Спасовски, монтажер Гоце Кралевски, а композиторка на музиката е Мартина Силјановска. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Три точки и во соработка со ДНФ Филм и Вардар Филм.

 

Next Post
амалтеја

Ретка вселенска снимка од месечината Амалтеја крај Јупитер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk