ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почина Мимоза Несторова Томиќ

May 24, 2024 11:12
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ, архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. Родена во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор.

Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”,  Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.

За својот придонес во македонската архитектура, во 1973 г. била наградена со наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 г. ја добила наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година.

Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста.

Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.

Next Post

Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk