Претседателката на државата вчера го имаше првото меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.
Но целиот настан заврши со своевиден скандал, објави 24инфо.
Имено, на лентата на венецот што таа го положи пишува само претседателка Гордана Сиљановска Давкова без да се наведе името на државата чија претседателка е.
За разлика од неа, на венецот што го положи Румен Радев јасно е наведено Република Бугарија.
Откако стапи на должноста, Давкова по секоја цена избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.
Сето тоа доведе до бурни реакции во Грција но и во ЕУ.