ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Демири го разреши директорот на кардиохирургија Шокаровски

May 27, 2024 13:14
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија Марјан Шокаровски. Разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања Александра Ефтимова.

На прес-конференција, Демири рече дека по информациите за поголема смртност на оваа Клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.

– До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени, рече Демири.

Шокаровски, како што посочи министерот, е разрешен и поради нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.

– Во една таква врвна институција се недозволиви такви нарушувања на меѓучовечките односи. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапка да спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор, рече Демири.

Шокаровски беше назначен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

– Во РМ се одвојуваат средства од буџетот со програма за превенција на кардиоваскуларни заболувања, за експерти кои имаат дневница по 700 евра. Јас побарав извештај од Александра Ефтимова која ја води програмата и и таа е разрешена затоа што не даваат информации кои се тие експерти кои доаѓаат, наводно од Република Србија. Ако државата плаќа толку пари зошто да има таква смртност? – прашува министерот.

Next Post
Foto: Martin Ahven

Претседателот на Естонија предупредува дека соседите на Русија мора да се подготват за најлошото

НАЈНОВО

Слот по поразот од Палас: Секому може да му се случи да промаши пенал

August 10, 2025
Фото: Скриншот

Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Нетанјаху вели дека целта на Израел е да ја ослободи Газа од Хамас, а не да ја окупира

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска: ОЈО мора да постапи и началникот на Тошковски да одговара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица со тешки телесни повреди на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk