Министрите за надворешни работи на ЕУ за првпат имаа „значајна“ дискусија за санкционирање на Израел доколку тој не го почитува меѓународното хуманитарно право, изјави ирскиот министер за надворешни работи Мишел Мартин.
По состанокот на Советот за надворешни работи одржан вчера, тој изјавил дека за првпат на состанок на ЕУ видел значајна дискусија за санкциите, пишува Политико.
– Постоеше многу јасен консензус за потребата од поддршка на меѓународните институции за хуманитарно право, додаде Мартин.