Дваесет и третото издание на ОФФ – Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни. Првата вечер во НОБ ќе настапат Bombino од Нигер и BCUC од Јужна Африка. На 7 јуни ќе настапат Boi Akih од Холандија и Kutu oд Етиопија. А, наредната вечер Vincente Amigo од Шпанија. Последната вечер од ОФФ-Фест ќе биде во МКЦ – Дансинг салата. Вечерта ќе започне со Valosi од Полска, по нив ќе следува македонскиот бенд Kalata и вечерта ќе заврши со Naked од Србија.
На денешната прес конференција во кафе бар Буква, Оливер Белопета, директор на скопски џез фестивал кој го организира и ОФФ Фест, соопшти дека дополнително во програмата е вклучена и проекција на два филма во Кинотека. Станува збор за документарни филмови, „Agadez, the music and the Rebellion“ и „Cesaria Evora“.
Оливер Бонапета нагласи дека секоја година на фестивалот се претставува и една македонска група, се со цел да истата таа група си го најде патот за Европа. Како позитивен пример ги посочи групата „Добрила и Дориан дуо“, а оваа година на фестивалот ќе се претстават Калата кои од неодамна го извадија својот прв албум.
Базичниот концепт на фестивалот останува секоја година ист, а тоа е да се претстават големи ѕвезди на светската музика.
М. Тодоровска / НоваТВ