ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден претстави нов предлог за примирје во Газа, апелира до Хамас да го прифати

May 31, 2024 21:59
in ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Белата куќа го претстави најновиот предлог за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа, кој изминатите неколку дена го одобри Израел и апелираше до Хамас да го прифати.

Тоа е договор „кој ги носи сите заложници дома, ја обезбедува безбедноста на Израел, создава подобар ден потоа во Газа без Хамас на власт и го отвора патот за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците, рече Бајден, пренесе Бета.

– Израел сега понуди сеопфатен нов предлог. Тоа е патоказ за одржлив прекин на огнот и ослободување на сите заложници. Предлогот беше испратен преку Катар до Хамас, рече американскиот претседател.

Тој наведе дека предлогот има три фази и оти „првата фаза ќе трае шест недели, вклучувајќи целосен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од сите населени области во Газа, ослободување на одреден број заложници, вклучително и жени, стари, ранети и ослободување на стотици палестински затвореници“.

Бајден додаде дека американските заложници ќе бидат меѓу ослободените во првата фаза и оти посмртните останки на некои од убиените ќе бидат вратени на нивните семејства.

– Палестинските цивили ќе се вратат во своите домови и населби во сите делови на Газа, вклучително и на север, рече Бајден и најави дека секој ден ќе се доставуваат 600 камиони хуманитарна помош.

За време на првата фаза, Израел и Хамас „ќе преговараат за неопходните аранжмани за да стигнат до втората фаза, која е траен прекин на непријателствата“, објасни американскиот претседател, додавајќи дека преговорите ќе бидат тешки и дека постои можност продолжување на првата фаза на подолго од шест недели.

САД, Египет и Катар ќе работат на тоа да обезбедат разговорите да продолжат додека не се постигне договор.

Кога тоа ќе се случи, ќе почне втората фаза во која ќе бидат ослободени сите преостанати живи израелски заложници, вклучително и машки војници. Во таа фаза од Газа ќе се повлечат и израелските сили.

Бајден рече дека привремениот прекин на огнот ќе стане траен доколку Хамас ги исполни своите обврски.

– На крајот, во третата фаза ќе почне големиот план за обнова на Газа, а преостанатите посмртни останки на заложниците кои беа убиени ќе им бидат вратени на нивните семејства, рече Бајден.

Tags: БајденГазаизраелХамас
Next Post
Амб. на Украина Лариса Дир

Украинските деца од руската војна

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk