Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата организираа мноштво од паралелни активности со кои ги промовираат добрите практики и знаењата поврзани со предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот. ЦИВИЛ, во рамки на Неделата на циркуларната економија одржува конференција на тема „ Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“.
Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај. Медиумските содржини поврзани со темата и со активностите на регионалната иницијатива се објавуваат на веб страницата GREENCIVIL.MK на македонски, албански и англиски, во рубриката ЗЕЛЕНИ на CIVILMEDIA.MK на македонски, и во рубриката TË GJELBRIT на DREJT.MK на албански.
Преземено: Цивил Медиа