ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Стрипот „Алан Форд“ не запира со нови изданија, се бараат и нови цртачи

June 3, 2024 11:06
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Насловната страница на првата епизода на Алан Форд (македонско издание на Варм Комикс) и најавата за епизодата број 661 (италијанско издание на Макс Бункер).

Насловната страница на првата епизода на Алан Форд (македонско издание на Варм Комикс) и најавата за епизодата број 661 (италијанско издание на Макс Бункер).

Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти минатогодишната најава дека стрипот „Алан Форд“ ќе престане да излегува заклучно со овој мај, издавачот и автор Макс Бункер се попишмани и еден од најдолговечните италијански серијали продолжува со исто, месечно темпо.

Во Италија пред некој ден излезе епизодата број 660, насловена „Планот на Путифаре“ (Il Piano di Putifarre), а во него како и обично има најава за наредниот број „Скок во минатото“ (Un Tuffo nel Passato), чија објава е закажана за 26 јуни.

Агенцијата Мета.мк од свои извори од италијанската стрип-индустрија доби потврда дека се подготвуваат нови епизоди на популарниот стрип.

Несудената последна епизода  беше предмет на коментари на италијанските фанови, меѓу кои и влогот „Остров од хартија“ (Isola di Carta) кој ја опишува приказната како надреална, укажувајќи дека ликот на Путифаре е карикатура на рускиот претседател Владимир Путин.

Влијателниот инстаграм-профил „Стрип на денот“ (@fumetto delgiorno) во нивната мини-рецензија посочуваат дека на времето Макс Бункер најавил дека ова ќе биде последна епизода во серијата, но дека ваква каква што е епизодата на крајот ги остава читателите со голем прашалник, кој е засилен со рекламата за бројот 661 на задната корица. Според нив, очекуваат дека ќе содржи репринт на некои од приказните илустрирани од Паоло Пифарерио.

Љубителите на стрипот од регионот на бивша Југославија, од кои некои живеат и во Италија, реагираа на овие случувања на форумот на Stripovi.com. И меѓу нив постојат дилеми за содржината на наредниот број, чија насловна страница е скоро иста како легендарната прва епизода, насловена „Групата ТНТ“.

Насловната страница на првата епизода на Алан Форд (македонско издание на Варм Комикс) и најавата за епизодата број 661 (италијанско издание на Макс Бункер).

Taка, по сè изгледа „Алан Форд“ продолжува да излегува. Впрочем, последните неколку месеци и самиот издавач објавува огласи со кој бара нови цртачи на претпоследната страница од изданијата.

„Да го освежиме Алан Форд! Перука е одличен, ама тој има само две раце, а ни требаат повеќе раце! Бараме искусни цртачи, кои очигледно треба и да ги сакаат ликовите од стрипот,“ стои во огласот објавен од Макс Бункер.

Заинтересираните уметници треба да пратат CV и примероци од своето портфолио и нивни цртежи на ликовите од Алан Форд по е-пошта на [email protected].

Доказ дека не се работи само за маркетиншки трик е и тоа што во бројот 659 беше објавена првата епизода нацртана од визуелната уметница Вероника Гуити. Таа е токму една од ‘приновите‘, која станала дел од тимот преку пријава на таков оглас.

Извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алан Форд

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk