Општинската организација на Црвен крст во Струга денеска објави повик за пријавување кандидати за обука за спасители на отворени води.
Обуката, која ќе се реализира од 20 до 30 овој месец, според повикот, содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода.
– Кандидатите треба да бидат постари од 17 години, да знаат да пливаат и да имаат психофизички предиспозиции за спорт, како и да обезбедат и достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од шест месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа, стои во повикот.
Краен рок за пријавување е 19, а заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струга или на телефонскиот број 046 786-014.