ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совршено невреме

June 10, 2024 12:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Не треба да се заборави дека човекот во основа е измамник, лажов. Кога ќе ја погледате и литературата, многу повеќе ги сакаме негативците отколку позитивците. Погледајте ја и’ светската литература: многу повеќе ги сакаме џелатите отколку жртвите. На мисла сум дека луѓето од страв чинат добри работи.

И ние, да речеме, кога се обидуваме да чиниме нешто добро, се раководиме од нешто кое е морално, а потребата за тоа, ми се чини е дека не’ гони некој страв од казна или тоа претставува некоја наша нарцистичка потреба; така што се обидуваме да бидеме „возвишени и морални“, се’ правиме за да не бидеме како „обичната раја“, или пак не прогонува некоја лична глупавост, што најчесто претставува моја карактеристика зошто имам потреба да правам добри работи, условно речено, нели? Сигурно некое „собирање на свеста“ или некоја тривијална глупавост мене ме тера тоа да го правам.

Еве, ајде да речеме и вака: кога било во цивилизацијата и кој е тој период кога си рекол „конечно надвладеа моралот“? Ако речете дека не сум во право, тогаш би го поставил следното прашање: зошто се случи Холокаустот (?), или зошто се случуваа „брзи војни“ во втората половина на 20. век? Едноставно речено се’ се случува од лошо-полошо, а не се случува се’ подобро и подобро.

Aдорно велеше „Како е возможно да се создава уметност после Аушвиц“ (?), а јас се прашувам денес како е возможно да се војува после Аушвиц?

И кога ќе ги видите сите војни денес, произлегува дека сите се полоши и полоши. Што значи дека има нешто во човечката природа што е суштински измамничко, затоа се создава и така добра литература; сите го сакаме Достоевски само од една причина: ги разбираше измамниците и лажовите. Затоа што такви сме.

Ајде да ја анализираме следната работа. За време на Студената војна, добар дел од европската левица беше свртен кон СССР, што значи кон Русија. Некои групи на Црвените бригади и РАФ одржуваа вооружена врска. Некои, пак, беа врбувани да работат за КГБ. Некои работеа за КГБ, а тоа да не го ни знаеја. Големите европски интелектуалци ја посетуваа Москва, а импресиите од неа ги испишуваа во книги. Москва ја финансираше Светската револуција, руски пари стигнуваа во многу раце: од Европа до Куба.

Тоа беше во 20. век. Ајде да видиме што имаме во 21. век, односно денес.

На претстојните парламентарни избори за Европскиот парламент најмногу гласови освојува Конзервативната европска народна партија (ЕПП), а крајните десни партии ќе имаат далеку повеќе пратеници во Европскиот парламент одошто тоа го имаа претходно. Таквото поведение го објаснуваат прелиминарните резултати објавени на 10-ти јуни (денес!) во Брисел.

Најголеми губитници се „Да ја обновиме Европа“ на која припаѓа и партијата „Препород“ на францускиот претседател Емануел Макрон, како и Европскиот Зелен – слободарски сојуз. „Да ја обновиме Европа“ што ја сочинуваат либералните партии ширум Европа, во новиот состав ќе имаат 82 пратеници, додека претходно имаа 102… Сакам да кажам, лево-либералните политики на среде Европа доживеаја општ дебакл. Се работи за општ тренд насекаде во кој десницата и радикалната десница масовно јакне.

Европската десница денес има мала забелешка за војната во Украина – тие само малку би направиле поинаку. Што значи дека во Русија денес се случува епицентарот не на левата, како што тоа беше во 20. век,  ами денес, во 21. век, во Москва се случува епицентарот на радикалната „десна утопија“.

Како и да ја завртиш, Москва денес е светилник на светската десница. Што значи дека е нешто суштински пореметено во светот.

Трансатланска коалиција од трамписти, европската десница и Путин се alive and kicking. Тој сојуз е многу опасен и моќен – далеку помоќен отколку сојузот на Европската демократска левица.

Ова е мојата теза: Русија е запад. Таа не е никаква алтернатива на западот: Русија е алтернативен запад. Русија е неодвоен дел од политичката динамика на Запад. Русија беше запад и тогаш кога беше комунистичка (во конечноста, тамо никогаш не бил реализиран источниот запис, туку западната идеологија, текст што двајца Германци го напишаа во Лондон). Русија е запад и денес.

Русија е симптом на Западот.

Во една епизода од серијата „House of Cards“, постои реплика која овде ќе ја парафразирам: се’ на светот има врска со сексот – освен самиот секс, кој е прашање на моќ. Закономерно: суштината на политиката е дека во неа нема ништо политичко. Суштината на политиката е во парите.

Тоа е најочигледната работа која ни поминува пред самиот нос, а ние, како и обично, тоа не го гледаме.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Опозицијата и граѓанскиот сектор остро против „реформскиот“ закон на Мицкоски за државната управа

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk