ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калпадакис од Институтот „Алексис Ципрас“: Мирот и дипломатијата се единствен начин да се соочиме со кризите и предизвиците

June 17, 2024 15:19
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единствениот начин да се соочиме со предизвиците и кризите кои се мултициплираат е преку мир, дипломатија и владеење на правото, порача Евангелос Калпадакис, координатор на Институтот за мир, „Алексис Ципрас“ на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој се осврна на клучните заложби на Институтот.

„Денес Институтот го презема првиот чекор со иницијативи и акции. Се надеваме дека овие чекори ќе бидат дел од јавната дебата во Грција, Европа и на меѓународно ниво за важните прашања што се актуелни во овој период. Во време кога контраполитиките добиваат сила и остават повеќе простор за екстремната десница, Институтот Алексис Ципрас има амбиција да игра активна улога во напорите да ги врати политиките кај граѓаните и граѓаните во политиките во Грција, во Европа и насекаде. Потребата за демократска и особено прогресивна визија, денес е поголема од кога било. И во Европа и во нашиот регион, главната цел на Институтот е да мобилизира личности од политиката, дипломатијата, научната заедница и граѓанското општество за да создадеме нови политички предлози. Нашите активни политики имаат за цел да ги решат проблемите и разликите, на основа на меѓународното право, со меѓусебна почит кон Преспанскиот договор и со стратегија за зачувување и заштита на меѓународното право. Немаме луксуз да го одложуваме или да го одржуваме опасното стагнирање, ниту во Европа, ниту на меѓународно ниво. Немаме луксуз да ја префрламе вината на другите или да ги одложуваме одлуките за следните генерации“ посочи Калпадакис.

Денешниот настан е особено важен бидејќи го следи духот на Договорот од Преспа – значајно достигнување во потрагата по мир и соработка, порача денеска од Атина претставникот на „Фондацијата Заев – Едно општество за сите“ Венко Филипче, на отворањето на Конференцијата.

„Договорот од Преспа е живописен доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка преку заедничка визија за хармонична иднина. Тоа нè потсетува дека вистинското лидерство не е за задржување на власта, туку за поттикнување доверба и градење мостови“ посочи Филипче.

Меѓународната конференција за мир и одржлив развој, е организирана од Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите, се одржува денес и утре а предвидено е учество на шефови на држави, европски комесари, академици, поранешни шефови на држави и експерти од повеќе области.

На Конференцијата ќе се обратат и поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Tags: Алексис ЦипрасЕвангелос КалпадакисИнститутот за мирМеѓународната конференција за мир и одржлив развој
Next Post

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk