ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Им се извинувам на неалбанофобот Иван Мирчески и Канал 5

June 19, 2024 13:36
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Во име на „слободата на говор, слобода на изразување и нецензура“ му се извинувам на директорот на Канал 5, Иван Мирчески за текстот: Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи, во кое според барањето за извинување кое го добив стои дека во текстот се изнесени клеветнички изјави кон Канал 5 и Мирчески.

Ете, се извинувам што во текстот напишав дека е манипулативен и едностран прилогот на Канал 5 и дека со тоа се врши притисок врз судот, бидејќи веднаш по завршување на судското рочиште по тужбата на Канал 5 и управителот Иван Мирчевски против Џабир Дерала и ЦИВИЛ на 17 мај 2024 година, на кое сведочеа Исмет Рамадани и новинарот Александар Видиновски, пред судот изјави дадоа само адвокатот на Канал 5 во постапката, Даниел Ѓеорѓиевски, директорот Мирчевски и новинарот Видиновски.

Се извинувам што напишав дека камерата на Канал 5 не пропушти да го зумира тужениот Дерала, без притоа да му побара изјава. Значи, воопшто не е еднострано таквото известување, нели?

Се извинувам што со текстот ја известивме јавноста за што всушност Канал 5 и директорот Иван Мирчески го тужат главниот уредник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за навреда, клевета и говор на омраза, односно поради колумната со наслов „ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации, бидејќи во прилогот на Канал 5 недостасуваа овие информации.

Се извинувам и за тоа дека Дерала во колумната за која е тужен ја потсети јавноста дека во „бомбите“ слушнавме како газдата на Канал 5 му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки.

Исто така, се извинувам што Дерала ја потсети јавноста дека Мирчески во 2018 година се извини во име на телевизијата, правдајќи се дека било режим и дека му биле одземени ингеренциите (!?) за професионално и одговорно известување.

Се извинувам што напишав и дека во судницата тужат, а надвор од неа и му пресудуваат на Џабир Дерала, бидејќи адвокатот Даниел Ѓеорѓиевски веднаш по завршување на рочиштето, пред судот, во изјава за Канал 5 нагласи дека „оние кои најмногу се прокламираат како борци за слободата на говор, најмногу истата ја злоупотребуваат и дека пред судот претстои лесна задача“.

Се извинувам и дека напишав дека едностраниот прилог на Канал 5, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза кон Дерала и ЦИВИЛ.

Се извинувам за перцепцијата дека Мирчевски изгледа како да е опседнат со Дерала бидејќи на коментар на Фејсбук страницата на Канал 5, „админот“ пишува дека „ги барал Дерала и ЗНМ и другите ‘лижавчиња’ да се појават со него каде сакаат… ама бегаат. Исто така на својот LinkedIn профил напишал: Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта. Еве уште еден текст за еден лик… се одѕива на име Дерала… Џабир Дерала… 

Се извинувам и што имав дилема дали барањето од „Александар Николовски да ја прекине емисијата“, мислеше на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ или на новинарот во студиото?

Се извинувам неалбанофобу Иван Мирчески и Канал 5 и Ви благодарам за „честитката“ баш на третиот ден од Курбан Бајрам!

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Василевска: „Златна рамка“ е славење на македонскиот филм и отчет за тоа што е сработено во претходната година

НАЈНОВО

МИА

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75

November 12, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје, од независноста досега Банката инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори

November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ почнува на 19 ноември во Идризово

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата во тишина, европските фондови во блокада – ИПАРД 3 заглавен, земјоделците казнети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалување на буџетот: За ретките болести се планираат 17,5 милиони евра, а потребни се повеќе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk