ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Ќе водам со пример и ќе барам сите функционери да го следат мојот модел на работа

June 20, 2024 09:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Венко Филипче, кандидатот за претседател на СДСМ, вчера се сретна со членовите во Ѓорче Петров и Карпош каде ја презентираше програмата и разговараше со членовите за тоа какви промени се потребни во партијата за да се врати на победничките патеки, соопштуваат од тимот на Филипче.

Како што известуваат, тој во своето обраќање „се осврна на начинот на кој планира да ја води партијата доколку биде избран за претседател и кои ќе бидат барањата од неговите идни соработници и функционери на СДСМ“.

„Јас планирам да водам со пример и ќе очекувам и барам сите функционери да го следат тој пример и начин на однос со луѓето и пристап во политиката. Јас сум отворен за сите, секогаш достапен и така планирам да работат сите во партијата. Луѓето коишто во партиската структура ќе ги бирам според тоа колку се вредни, професионални, работливи, колку имаат образ и колку се другари. Ова ќе бидат критериумите затоа што сметам дека функционирањето на партијата треба да се професионализира“ – истакна Филипче.

На прашање кои ќе бидат неговите најблиски соработници, тој рече дека е доследен на ветувањето да не најавува однапред членови на идното раководство, бидејќи на тој начин да се формираат групи за поддршка што според него не би било фер спрема другите кандидати. Но за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата и презентација на тимот во општинските организации за да собере мислења од членовите со цел да се изберат луѓето со најголема поддршка и кредибилитет.

„Јас не сум разговарал со никого затоа што тимот сметам дека претседателот треба да го прави изборот на раководство по неговиот избор. Но, да знаете дека мојот предлог тим ќе биде презентиран пред сите општински. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени ќе изберам други. Мојата цел е пред се да имаме луѓе на позиции кои ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментално е загрозено“ – рече Филипче.

Tags: СДСМФилипче
Next Post
Скопје. Фото: МИА

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци во Скопје, не се во функција

НАЈНОВО

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk