Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи кон првата пратеничка со шамија Имрлије Салиу-Фетаи, во Собранието на Република Северна Македонија.
Основачот на Македонската заедница во Малта, Максимилијан Казаков, на својот Х профил објави фотографија од пратеничката Салиу Фетаи, со коментар: „Боже ме сачувај… До кое ниво сме дојдени. Сите одат напред ние уште вакви во собрание почнавме да имаме“.
Оваа објава предизвика низа на коментари со говор на омраза кон пратеничката Салиу.
„И фереџе мрежа нека стави на очи. Ужас. Каде наоѓаат вакви“;
„Која е нинџава“;
„Најсмешно е кога ќе видам забрадени цигани со забулени циганки“;
„Маж и знае каде е? Дома нема право на збор, па да си каже у собрание“… се само дел од коментарите кои се упатени кон пратеничката Салиу.
Извесен профил Недопирливата објави фотографија од пратеничката Салиу Фетаи од собраниската говорница, со коментар: Која е оваа?
На ваквото прашање има десетици коментари со говор на омраза, но ќе објавиме само неколку.
„Марсовец. Кој ја гласал“;
„Индира Ганди“:
„Шиптарка е?“;
„Навистина која е? Ајдее уште таа ни фали која и да е“…
Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи, доаѓа од политичката партија Алтернатива (коалицијата ВЛЕН), завршила јавна администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа и е при крај со докторските студии по политички систем. Пред да стане пратеничка работела во Општина Гостивар, на местото помошник раководител на Секторот за јавни дејности, во Одделението за социјални работи и заштита на деца.
Дехран Муратов / Цивил Медиа