ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русија најавува одмазда против САД за нападот на Украина врз Крим

June 25, 2024 13:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина ја продлабочи кризата во односите меѓу Русија и Западот, а руските власти изјавија дека конфликтот влегува во најопасната ескалација до сега.

Но, директното обвинување на САД за нападот на Крим – кој Русија еднострано го анектираше во 2014 година, иако поголемиот дел од светот го смета за дел од Украина – е чекор понатаму, се наведува во напис на Ројтерс.

Од  Кремљ, во понеделникот целосно ги обвинија Соединетите држави за нападот на Крим со проектили ATACMS испорачани од САД во кои загинаа најмалку четири лица, а 151 беа повредени, а Москва официјално го предупреди американскиот амбасадор дека ќе следи одмазда.

Според руските власти, најмалку две деца се убиени во нападот на Севастопол во неделата, прикажани луѓе како бегаат од плажа во близина на Севастопол, а некои од повредените се носени на носилки. Од Кијив не го коментираа нападот, но негираат дека мета биле цивили.

Од Русија инсистираат дека САД го испорачале оружјето, додека американската војска го насочила и обезбедила податоци.

„Треба да ги прашате моите колеги во Европа, а пред се во Вашингтон, секретарите за печат, зошто нивните влади убиваат руски деца“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руското Министерство за надворешни работи ја повика американската амбасадорка Лин Трејси и ѝ кажа дека Вашингтон „води хибридна војна против Русија и всушност стана страна во конфликтот“.

„Дефинитивно ќе следат одмазднички мерки“, се вели во соопштението на Руското МНР.

Трејси рече дека Вашингтон жали за каква било загуба во цивили, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, додавајќи дека Вашингтон и дал оружје на Украина за да може да ја брани својата суверена територија, вклучително и Крим.

Понатаму, се наведува во написот, портпаролот на Пентагон, мајорот Чарли Диц изјави дека Украина сама носи одлуки за таргетирање и спроведува свои воени операции.

Американски официјален претставник подоцна изјави дека Украина не цели кон цивили.

„Изгледа  дека Русите успеаја да пресретнат проектил ATACMS кој цели на фрлач на ракети, а ATACMS  експлодираше со шрапнели кои паѓаа на плажата, изјави понатаму американскиот функционер.

Путин во изминатиот период постојано предупредуваше на ризикот од многу поширока војна во која ќе бидат вклучени најголемите нуклеарни сили во светот, иако тврди  дека Русија не сака конфликт со НАТО алијансата предводена од САД.

Руски мерки за одмазда

Путин ја претставува војната во Украина како дел од пошироката борба со САД, за кои вели дека ги игнорирале интересите на Москва по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, а потоа планирале да ја расцепат Русија и да ги заземат нејзините природни ресурси.

Откако Соединетите Држави и дозволија на Украина да насочи дел од американското оружје во Русија, Кремљ испрати сигнали дека тоа го смета за сериозна ескалација, а Путин нареди вежби за практикување на распоредување на тактичко нуклеарно оружје, сугерираше дека Русија може да стационира конвенционални ракети на растојание од САД и нивните сојузници и потпиша договор за заемна одбрана со Северна Кореја.

Американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли можноста за испраќање американски војници да се борат во Украина и веднаш по целосната руска инвазија во 2022 година изјави дека директна конфронтација меѓу НАТО и Русија би значела Трета светска војна.

Лидерите на Западот и Украина ја опишуваат војната како грабеж на земјиште во империјален стил. Западот негира дека сака да ја уништи Русија, која пак негира дека има намера да изврши инвазија на која било земја членка на НАТО.

Вашингтон сè уште му забранува на Кијив да ја нападне признатата руска територија со ATACMS, кои имаат дострел до 300 километри, и други американско оружје со долг дострел.

Путин минатата недела изјави  дека Русија би можела да и испорача оружје на Северна Кореја, како што тој посочи дека ќе биде сличен одговор на западното вооружување на Украина.

На прашање каков ќе биде рускиот одговор за нападот на Крим, Песков потсети на зборовите на Путин на 6 јуни за пошироко поставување на конвенционално оружје.

„Се разбира, вклучувањето на САД во борбите, како резултат на кои умираат мирољубиви Руси, не може а да нема последици“, рече Песков.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Фон дер Лајен им честиташе на Украина и Молдавија за почетокот на пристапните преговори

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk