Во Атина (Грција), Рига (Летонија), Валенсија (Шпанија) и Сан Хуан (Порторико) од денес до 7 јули ќе се играат квалификациски турнири за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз.
Вкупно 24 репрезентации поделени во осум групи ќе тргнат поход кон едно од слободните места за Олимпијадата. Секоја од нив ќе одигра по два натпревара во првата, групна фаза која ќе се игра од денес до 4 јули. Двете најдобри од секоја група одат во следната фаза.
Претходно виза за ЛОИ во Париз веќе обезбедија селекциите на Австралија, Јапонија, Канада, Јужен Судан, Србија, САД, Германија (светски шампион) и Франција (домаќин на Олимпијадата).
Олимписките игри 2024 ќе се одржат од 26 јули до 11 август.