ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори

July 8, 2024 09:19
in ДЕНЕС, СВЕТ

Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се обрати до нацијата по објавувањето на првите резултати од вториот круг парламентарни избори, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на Елисејската палата.

Забележано е дека говорот на претседателот не е планиран. Во моментов Макрон ги проучува резултатите од парламентарните избори како што се објавени по области, се вели во написот на весникот.

Макрон претходно изјави дека прелиминарните резултати од парламентарните избори во Франција не покажуваат „кој ќе владее“.

Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, која води на парламентарните избори во Франција, доцна синоќа изјави дека коалицијата ќе инсистира на признавање на независна Палестина. Во говорот пред поддржувачите, Меланшон посочи дека постои можност потешко да се спроведе надворешнополитичката програма на неговата коалиција, за која ќе разговараат новиот премиер и претседателот Емануел Макрон.

-Тие ќе мора да се помират со фактот дека ја признаваат Палестина што е можно поскоро, рече тој додека толпата извикуваше „Слобода на Палестина“, пренесува Политико.

Судири со органите на редот и вандалски акти биле пријавени во Париз, Лион, Нант и Рен во текот на ноќта по вториот круг од парламентарните избори, објави Журнал ду диманш. Во француската престолнина биле подметнати пожари, а полицајци биле мета на пиротехнички средства на Плоштадот на Републиката, објави „Фигаро“. Полицијата се судри со група маскирани лица со качулки „кои очајнички се обидуваа да ги испровоцираат органите на редот“, додава весникот.

Претходно во таа област имаше митинг на приврзаниците на левичарскиот „Новиот народен фронт“, кој победи на парламентарните избори во Франција. Во Нант, демонстрантите фрлаа шишиња и бомби кон полицијата, која одговори со солзавец. Повреден е еден полицаец. Префектурата Рен објави 31 апсење за акти на вандализам.

Tags: избориМакрон
Next Post

Јапонија и Филипините потпишаа договор за одбранбена соработка

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk