ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта

July 11, 2024 12:11
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци.

Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност лани е зголемен за 6,3 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци од Националното биро за осигурување доставени до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување и за превземање на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари или 43,1 милиони евра.

Податоците на Националното биро за осигурување покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за шест отсто во споредба со истиот период лани.

Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за два отсто помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани, но, од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани.

Минатата година, вкупно се купени 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство, а во осигурувањето од автомобилска одговорност вложени се 5,33 милијарди денари  или 86,75 милиони евра.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека со Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ.

Next Post

Тешко повредена 16-годишна сопатничка на мопед во Велес

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk