ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стрип Центарот на Македонија – Велес отпечати нови стрипови на македонски јазик

July 11, 2024 14:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Стрип центар на Македонија

Фото: Стрип центар на Македонија

Како дел од Годишната програма на Министерството за култура – Сектор издаваштво, Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ги публикува следните изданија: Стрип списание „Креатор“ бр 35 и 36, „Илинден 903-Борбата на Слива“ од Миле Топуз, „Историски стрипови“ од Коле Манев, „Кико и Веки во нови авантури“ од Јордан Манасијевски,  стрип книгата „Алманах “ од група автори, како и „Волшебни квадратчиња“ – превод на македонски од младата  Ања Тановиќ од Нови Сад, Србија.

– Изградбата на македонска национална стрип култура преферира поддршка и афирмација на  македонски стрип автори. Ако се изземат учеството на стрип автори од други држави во ревијата „Креатор“ (којашто традиционално ги објавува најдобрите дела од традиционалниот стрип конкурс) потоа  изданието на нивната  пријателка Ања Тановиќ (кадешто сценарист на повеќе стрипови е Ване Трајков) тогаш стрип книгите на доајените Миле Топуз, Коле Манев и Јордан Манасијевски претставуваат заслужена сатисфакција во нивниот повеќегодишен труд, потенцира Томе Трајков – програм координатор на СЦМ-Велес.

Фото: Стрип центар на Македонија

Тука е и македонската стрип иднина како што се авторите: Илко Стојановски, Славица Купенкова, Евгенија Трајковска, Ѓурѓица Варела, Сибел Исмаилова, Анита Гочева, Оливер Цветковски, Мартина Величковска, Ѓунај Абдулов, Тамара Мишовска, Дарко Бојовски…

Томе Трајков, исто така, нагласува дека не помало значење претставува сочувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик.

-За жал, морам да констатирам дека   во некои кругови,  афирмацијата на стрип изданија на македонски јазик  се доведува во прашање, потенцира Трајков.

Tags: Велесмакедонски јазикстрип
Next Post

Маринакис: Европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk