ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Видео снимките од граѓаните го покажуваат дивеењето во Капиштец, вели Герасимовски

July 11, 2024 13:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец, соопштуваат од Општина Центар.

Линк до видео снимката ТУКА

„Градоначалникот Горан Герасимовски во многу наврати досега информираше за дивеење и уништување на детските игралишта и урбаната опрема во општината. Минатата недела обиен и ограбен беше комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец од каде украдени беа алатките и опремата којашто ја користат хигиеничарите. Општинските служби речиси секојдневно наоѓаат искршени клупи, канти, канделабри, дел од детски реквизити, огради и затекнуваат пешачки патеки полни со ѓубре и искршени стакла. Сите овие случаи како и видео снимките општината ги достави до надлежните институции“, наведуваат од Општина Центар.

„Општина Центар се надева дека институциите но и граѓаните по објавениот видео материјал сериозно ќе ги сфатат случувањата во ноќните часови на детските игралишта особено во Капиштец.

Градоначалникот Герасимовски пред два дена за овие случувања се сретна со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски со кого договори конкретни чекори за враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали. Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца. Агресивното однесување не носи ништо добро но да не се дозволи да стане полошо.

Општина Центар ќе продолжи да известува и наоѓа механизми се додека овие појави не запрат. Парковите и игралиштата се места за рекреација, а не депонии на несовесни поединци.

Општината нема да дозволи ова да биде сликата на граѓаните. Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминат неказнето и сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат“, велат од Општина Центар.

Tags: дивеењеКапиштец
Next Post

Многу ходничарење, малку официјални средби – слаба посета на владината делегација и Мицкоски во Вашингтон

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk