ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Секуларноста за „во соба“, а со Господ напред низ „бели свет“!

July 12, 2024 20:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Северна Македонија, според уставот, е секуларна држава, што значи  одвојување на религијата и државата. Барем на „хартија“, или – секуларноста се запазува само во објектите на државните институции.

Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска се случи преседан, или злоупотреба на државната институција „за верски цели“, при одбележувањето на Денот на сеќавање на Сребреница. Имено, претседателот на Собранието, Африм Гаши и неговите гости, пред пратениците практикуваа исламска молитва со која им оддадоа почит на жртвите на Сребреница.

Навистина, не ми е сосема јасно зошто Гаши и неговите гости (ко-модератори) се одлучија за овој гест, кој патем, недвојбено сметам дека е со добра намера, оддавање почит на жртвите со молитва, но, во погрешна „соба“.

Решив да оставам на наивноста и политичката неискусност на Гаши, бидејќи алтернативната цел на практикување „верски ритуал“ во институција на секуларна држава, би била навистина предмет на подлабока истрага… од надлежни институции.

Не поминаа ниту два часа ( а можеби и помалку), се огласија и опозициската СДСМ, и владејачката ВМРО –ДПМНЕ, со барања за одговорност за нарушување на секуларноста на државата.

Притоа, заборавајќи колку пати, и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ,  не само што ја нарушувале секуларноста на државата, туку и промовирале религиски обреди, и тоа – на државно ниво, или – државнички.

Како на пример, во април, 2023 година, кога во Ерусалим, Израел, на церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, отиде македонска делегација  предводена од тогашниот министер на МВР, Оливер Спасовски, во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ,заедно со шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.

Или, кога луксузните лустери од „Белата палата“ на ВМРО –ДПМНЕ, решија да ги донираат на црквата Свети Никола во селото Љубанци ( во времето на Груевски, кога беше премиер), или, кога новиот премиер, Христијан Мицкоски, својот мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го започна од верски храм во Струмица, или кога јавно кажа дека постел за време на кампањата…

Или, изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“ во строгиот центар на Скопје, нарачана токму од азилантот Никола Груевски (со конференции за „донации од граѓаните“) , во времето кога беше премиер, или кога присуствуваше на осветување на цркви низ земјава. Кога беше премиер.

Некако, никој не реагираше тогаш, и тогаш и тогаш… дека надвор.

Но, сепак, не може ниту да им се замери. Верата сепак си ја практикуваат надвор од објектите на државните институции, само што ќе излезат од врата, со државни пари ( читај – на граѓаните), и секако, не нарушувајќи ја секуларноста на државата, внатре во соба.

Ќе рече некој, можеби, лицемерие. Не ќе да е тоа…


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Цивил Медиа
Next Post

Реакции од партиите за молитвата во Парламентот: Северна Македонија е секуларна држава

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk