ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можни безбедносни пропусти на Тајната служба за атентатот над Трамп, ФБИ го идентификува напаѓачот – Томас Метју Крукс

July 14, 2024 09:54
in ДЕНЕС, СВЕТ

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија иницира прашања како тој е заштитен и зошто имало безбедносни пропусти на Тајната служба.

Би-би-си објави дека едно лице безуспешно се обидувало да ја предупреди полицијата и американската Тајна служба за наводен снајперист, кој се качува на кров на зграда во близина на местото каде се одржуваше предизборниот митинг.

– Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи (200 – 300 метри). Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели, изјави очевидецот именуван само како Грег за Би-би-си.

За безбедноста на Трамп, како поранешен претседател и републикански претседателски кандидат првенствено е задолжена Тајната служба, а при митинзите помага и локалната полиција во обезбедување на локацијата, а повремено помагаат и агенти од други агенции од Министерството за внатрешна безбедност, како што е Управата за транспортна безбедност.

Најголемиот број митинзи на Трамп се одржуваат на отворено, на кои приуствуваат илјадници поддржувачи, а траат со часови. Пред настанот, агентите го пребаруваат местото за бомби или други закани, а Трамп секогаш пристигнува во конвој со придружба.

Органите за спроведување на законот обично поставуваат бариери како периметар и бараат од сите учесници да поминат низ детектор за метал за да влезат во областа. Вооружени чувари ги претресуваат чантите, па дури и паричниците на сите учесници.

Според првичните извештаи во медиумите, нападот вчера го извршил вооружен снајперист, кој бил надвор од обезбедениот периметар.

Во меѓувреме, американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз Трамп

– ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ.

Трамп е повреден во десното уво, но како што и самиот изјави, тој е добро.

Осомничениот за обид за атентат е елиминиран од американската Тајна служба.

Tags: атентатТрамп
Next Post

Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Photo / the Greek Orthodox Patriarchate

Израелската опозиција ја нарече „катастрофа“ одлуката на кабинетот за Газа

August 8, 2025

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена

August 8, 2025

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk