Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја прифати оставката на владата на премиерот Габриел Атал до вечерва, јавува БФМТВ (BFMTV) повикувајќи се на извори.
Макрон за ова ја информирал владата на состанокот во Елисејската палата и и наредил на владејачката коалиција во заминување да даде предлог со цел формирање мнозинска коалиција или широк парламентарен сојуз.
Како што изјавија неименуваните учесници на средбата, Макрон им се заблагодарил на премиерот и на министрите за нивната досегашна работа, која била придружена со аплауз.