Според последниот јунски лабараториски извештај на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес земен на примерок од водата во велешко езеро „Младост“ на првата Плажа и на плажата кај Хотел „Романтик“, водата на езерото може да се користи за капење и покрај отстапувањата од бараната втора класа на некои физичко-хемиски параметри кои не се одрзуваат штетно по здравјето.
Така на првата Плажа анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките параметри е оценета Одлично, по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 3-та класа, по присуство на матност, сув остаток и амонијак, по сатурација е 5-та класа, а по однос на останатите испитани параметри е во 2-ра и 1 –ва класа.
На Плажата кај Хотел „Романтик“ анализираната мостра на вода по однос на физичко-хемиски параметри е во 4-та класа, по присуство на матност, а 5 та класа по сатурација.Во 3 та класа е по сув остаток на амонијак и нитрити,а по однос на останати испитани параметри е во 2 –ра и 1-ва класа.
Инаку велешкото езеро „Младост“ и ова лето е посетено од голем број на домашни и странски туристи и посетители.