ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уште 95 украински бранители се вратија дома од руско заробеништво, досега вратени и над 160 цивили

July 18, 2024 16:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Телеграм/Зеленски

Фото: Телеграм/Зеленски

Уште 95 Украинци беа вратени од руско заробеништво како резултат на размената, соопшти претседателот Володимир Зеленски во порака на Телеграм.

„Продолжуваме да ги враќаме нашите луѓе дома. Уште 95 бранители се ослободени од руско заробеништво. Тоа се војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и граничарите“, вели Зеленски.

Тој изрази благодарност до „нашиот тим кој се занимава со размена и Обединетите Арапски Емирати за посредувањето во ова ослободување“.

 „Колку и да е тешко, ние ги бараме сите што можеби се во заробеништво, мора да ги вратиме сите“,  нагласи претседателот во својата објава.

Предходно, на 31 мај, 75 војници и цивили беа вратени во Украина од руско заробеништво како резултат на размената.

Повеќе од 14.000 украински цивили во моментов престојуваат во Русија, а 161 лице веќе се вратени во Украина, изјави комесарот за човекови права на Врховната Рада, Дмитро Лубинец, на брифинг во петокот во Миколаев, јави дописникот на Укринформ.

„Не водам статистика за поединечни региони, бидејќи има и такви кои веднаш почнуваат да ги споредуваат бројките и велат дека Лубинец работи повеќе овде, а помалку таму. Тоа не е така. Според моите податоци, во моментов има повеќе од 14.000 цивилни заложници – граѓани на Украина – на руска територија досега е можно да се вратат 161 лице“, рече Лубинец.

Според него, ова прашање се однесува на луѓе кои се земени како заложници од 2014 година.

„Разбирам дека тоа се неспоредливи бројки, но што е проблемот? Сега нема механизам за размена на цивили, бидејќи тоа не е регулирано со меѓународното хуманитарно право. Исто така, немаме официјални земји посредници, бидејќи за нив тоа би значело дополнителни обврски, иако има држави кои ни помагаат неофицијално Меѓу оние што можам да ги наведам се Турција и Ватикан, иако комуницирам со многу земји од сите континенти“, рече Лубинец.

Тој уште во февруари оваа година повика на создавање меѓународна коалиција за враќање на цивилните заложници, слична на онаа создадена за враќање на украинските деца, како што пренесе тогаш  Укринформ.

„Треба да се создаде меѓународна коалиција за да се обезбеди враќање на украинските цивилни заложници, изјави Лубинец на форумот „Украина. Година 2024“, рече тој. „Меѓународната коалиција слична на онаа создадена за враќање на украинските деца треба да се формира за да се олесни враќањето на цивилните заложници“.

Лубинец истакна дека Русија секојдневно ги крши правата на украинските граѓани.

Тој рече дека украинската влада бара земји кои се подготвени официјално да учествуваат во процесот на враќање на цивилните заложници.

„Сепак, секој ден сфаќаме дека нашите воени заробеници, кои моментално се држат во Руската Федерација, се подложени на тортура. 90% од нив се измачувани“, истакна Лубинец и додаде дека украинските власти бараат нови пристапи за прашањето за враќање на украинските граѓани.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: војници и цивили во руско заробеништвовратени украински бранителиразмена на заробеници
Next Post
Фото: Кијив пост

По неуспешната офанзива во Харкив, Москва го ограничи влезот во руската Белгородска област

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk