Јаел Браун-Пиве синоќа беше реизбрана за претседателка на францускиот парламент, иако левичарската коалиција Нов народен фронт освои најмногу гласови на неодамнешните вонредни парламентарни избори.
Таборот на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби мнозинството во парламентот по ненадејната одлука за распуштање на телото пред Олимпијадата, по што следуваа парламентарни избори кои го поделија Долниот дом на три блока, далеку од апсолутно мнозинство.
На претседателката во заминување и беа потребни три круга за да биде реизбрана, благодарение на сојузот меѓу пратениците од десниот центар кои се симпатизери на претседателот Макрон и оние од конзервативната десница.
По речиси шест часа неизвесност, Јаел Брон-Пиве доби 220 гласа. Нејзиниот противкандидат, комунистот Андре Шасењ, кандидат на Новиот народен фронт, доби 207 гласа. Претставникот на екстремната десница Себастиен Чену доби 141 глас.