Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка – Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат СДСМ на денешната изјава на министерот Николоски.
„Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања. ВМРО-ДПМНЕ секој ден оди и промовира проекти на СДСМ прикажувајќи ги како свои а граѓаните се потсмеваат на социјалните мрежи. И препорачуваме да се фатат за работа наместо да фрлаат лопати на чешми и да промовираат проекти на СДСМ“, велат од СДСМ.
Поврзано: