ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јавно обвинителство: Еден осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

July 24, 2024 10:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкото јавно обвинителство денеска информира дека за осомниченото лице за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново ќе се спроведува истражна постапка. За осомничениот, кој е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

-Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Арачиново. Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во неговата непосредна близина, информираат денеска од Републичкото јавно обвинителство.

Во соопштението се додава дека до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице. 

Настанот се случил се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога било пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22).

Next Post

Еврејски активисти уапсени за време на протестите за војната во Газа во американскиот Конгрес, во пресрет на говорот на Нетанјаху

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

November 14, 2025

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk