ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зијадин Сеља: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

July 24, 2024 22:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Идејата на „европскиот фронт“ за ново уредување на уставниот поредок на државата, е една од темите за кои лидерот на Алијанса за Албанците (АА) Зијадин Сеља ќе разговара со сопартијците на Централното претседателство што се одржува во Гостивар.

Ова го соопшти вечерва на прес конференција пред почетокот на заседавањето на Централното претседателство претседателот на АА, Сеља, кој смета дека не била испочитувана волјата на гласачите по последните избори при формирањето на владеачката коалиција.

– Ние наоѓаме начини и за нив треба да го информираме членството и ангажираме експерти за да се заштити она што е свето, гласот на секој граѓанин без разлика на неговата, етничка или политичката припадност, рече Сеља на прес конференцијата.

Според него, дебатата за новото уредување на уставниот поредок ја отворил актуелниот премиер Христијан Мицкоски, кога, како што рече, се повикал на легитимитетот кај Македонците за време на последните избори.

– Албанците се една третина од вкупното население во државата и заедно со другите етнички заедници, тие се околу половина. Оваа тема ја отвори Христијан Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ. Ние само даваме одговор на ваквите теми кои се отворени. И нормално дека планираме ваквите теми да разгледуваме и да имаме наша понуда со која уставниот поредок на Северна Македонија ќе биде регулиран според демографската реалност која Северна Македонија ја има, рече Сеља.

Лидерот на АА во оваа прилика го критикуваше актуелниот премиер Мицкоски дека си зел за право да формира власт со, како што рече, губитници од албанскиот блок, што според него нема гаранција дека утре, после нови избори, нема да земе во власт ниту една организирана политичка албанска партија, туку ќе земе само индивидуи.

Лидерот на Алијанса за албанците, Зијадин Сеља, по прес конференцијата им се придружи на сопартијците и заседаваше со Централното претседателство. Во Гостивар вечерва освен за политичката состојба, на цестралното претседателство ќе се разговара и реструктурирање на партијата. Според Сеља, поголемиот дел од членството останал, но има потреба од формирање на структурите во ограноците и самата партија.

Tags: ААЗијадин Села
Next Post
МИА

АД МЕПСО: Нема проблем со напојувањето со електрична енергија на Блок 1, далекуводот цело време е под напон

Најново

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk