Париз официјално е домаќин на летните игри, но десетици олимпијци ќе се натпреваруваат на место оддалечено илјадници километри од Париз
Четириесет и осум сурфери ќе ги ловат брановите на брегот на Teahupoо, мало село на францускиот полинезиски остров Тахити.
Официјални лица од Париз велат дека одлуката да се одржат натпревари во сурфање во Teahupoо се усогласува со нивната цел „да ги шират Игрите низ Франција“.
„Тоа нуди можност да се вклучат француските прекуокеански територии и нивните заедници на Олимписките игри – за прв пат во историјата – притоа прикажувајќи го богатото и разновидно наследство на Франција“, додаваат тие.
Дури и кога натпреварувачите не се во вода, тие ќе бидат на вода, ќе живеат во она што организаторите го нарекуваат првото пловечко Олимписко село: брод за крстарење преполн со удобности, вклучувајќи 24-часовна трпезарија, продавница за подароци, тобоган и салон за тетовирање.
„Мислам дека нашето спортско село на Тахити е подобро од вистинското во Париз“, вели јапонскиот сурфер Каноа Игараши на видеото на TikTok од сместувањето .
Teahupoо веќе со децении е светски познато место за сурфање.
Бранот „Teahupoo“ нашироко се смета за еден од најмоќните и најопасните во светот. Може да се издигне некаде до 6 ипол метри во висина.
„Кога станува голем, тоа е најтешкиот бран во светот за мене и најсовршениот бран на светот“, рече Каули Васт од Тахити . „Треба да бидете многу фокусирани бидејќи ако паднете, можете да удрите во гребенот. Затоа Теахупо е опасен, па мора да бидете паметни, смирени и фокусирани“.