– Некрофилската политика на СДС нема крај. Постои чудна корелација и задоволство во СДС од пожарите и поради несреќата на многу градови и села. Наместо да излезат со конструктивен предлог СД се радуваат на пожарите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата од портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која побара министерот Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи, „поради целосно потфрлање со пожарите“
„СДС да одговори која е позадината на канонадата на пожари. СДС да преземе одговорност и да се извини што остави ограбена држава, без летала за гасење пожар, без опрема и кадар. Наместо да се сокријат тие пробуваат да печалат поени. Тоа е дното на СДС“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзано: